Fašizam i komunizam (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 15 | Nivo: American College
СОДРЖИНА:
Вовед......................................................................................
3
Дијаграм на контраста и споредбата на
комунистичка СССР и нацистичката (фачистичка)
Германија.................................... 4
Поим и генеза на
фашизмот.................................................... 6
Појавувањето на германскиот
тоталитаризам.......................... 7
Втора светска војна.................................................................
9
Значење на
фашизмот............................................................. 11
Поим за
комунизмот................................................................. 12
Марксовата концепција за
комунизмот..................................... 13
Вовед
Многу политички аналитичари, теоретичари,
идеолози преку своите артикулирани и пишани ставови ја изразуваат својата
заинтересираност од сличноста на навидум противречните, неспоивите режими на
нацистичка Германија и сталинистичка Русија од 30-тите години од минатиот век.
Леон Троцки, жесток противник на двата системи, тврдеше дека е речиси
незабележлива разликата помеѓу Сталин и Хитлер во нивната склоност кон лага и
угнетување како главен инструмент за наметнување политичка контрола.
Овој метод кој што на некој начин се
идентификува во имињата на овие диктатори не се единствените во текот на
историјата поради кои се појавуваат многубројните движења и револуции кои се
креваат со цел на воспоставување демократија и зголемување на слободата на
човекот, појави кои се со цел ослободување на ограниченоста на vox populi,
односно неутрализирање на моногената, диктаторска и непроменлива управа.
Кога на некој начин би сакале да ја
идентификуваме генезата на моногената, диктаторска и непроменливоста на
управата, несомнено освртот не навраќа во древнината на Европското тло, некаде
во 627-та година пред Христа кога се појавуваат тираните како на пример, Кипсел
од Коринт, неговиот наследник Периандер и Атинскиот Пизастрат, потоа во Рим
обидот за диктатура на Гај Јулиј I век пред Христа, апсолутизмот во владеењето
на византиските императори до XV век, начинот на државно управување на руските
владетели Иван Грозни и Петар Велики итн.
Во поглед на сложеноста за истражување на
обликот на неподелената власт и неопходноста од нејзиното дефинирање обрнато е
внимание уште во класичната наука за политиката, односно периодот од Аристотел
па се до Монтескје. Централен мотив за воведување на диктаторскиот режим е
сметањето на одредена група луѓе (или од една моќна индивидуа) дека државата би
имала далеку поголем просперитет во колку моќта на управа ја има еден човек, и
доколку таа моќ е нелимитирана и безусловна. Или пак, во суштината на
диктатурата како нишка на едно уредување во кое екстремната десница радикално
ги ограничува човековите права под премисата за поголема стабилност и брз
економски развиток и прогрес. Токму во овие последни зборови многумина ги
препознаваат зачетоците на фашизмот. Во нашето време кое познатиот историчар
Ерик Хобзбаум го дефинира како „Доба на крајноста“ овој тоталитарен режим доби
свои „крајни“ размери развивајќи се најнапред во Италија, потоа Германија, и
подоцна во други земји.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!